fbpx

Вести

Потребно е национално обединување и формирање на експертска влада

 Треба ние уште денес, уште утре да имаме заеднички национален став. Коалицијата од 62 пратеници нема широк политички легитимитет да носи вакви државни одлуки без разлика дали тие ги затвораат вратите на ЕУ краткотрајно или долгорочно. Треба да се постигне еден широк политички консензус во кој правец ќе се движи државата во следните три, пет или десет години. Тоа не може да го одлучат само тие 62 пратеници бидејќи тие претставуваат половина од граѓаните кои што им дале поддрпка, но не е за потценување ниту другата половина на граѓаните кои што немаат доверба во владата, смета Антонијо Милошоски, пратеник и претседател на собраниска комисија за надворешни работи, откако Македонија доби вето до Бугарија на меѓувладината конференција за старт на преговорите со ЕУ.

Милошоски е дециден дека е потребно национално обединување, но е време за формирање на експертска влада.
Затоа сметам дека е време за национално обединување и можеби време за експертска влада која што во оваа политичка, здравствена, економска, образовна и секаква друга криза, ќе може да извади на површина стручни луѓе кои што ќе може а донесат долгорочни решенија каде што населението ќе има доверба во истите, рече тој.

Милошоски, додаде дека Македонија треба да се посвети на реформите, бидејќи како што рече не може ниту еден еврокомесар да дојде и да ги заврши проблемите во здравството, образованието или во инвестициите.

Значи ние мора да имаме развиено национални стратегии за двете опции, она што ни останува сигурно е стратешкото партнерство со САД и она што мора да го направиме без разлика дали ќе почнеме сега, некогаш или воопшто никогаш преговори со ЕУ, ние мора реформите да ги вршиме сами дома. Нема еврокомесарите да дојдат и да ги завршат нашите проблеми во здравството, образованието или во инвестициите. Затоа сметам дека треба да се посвети и да види со кои ресури располага и што може да направи сама за својот напредок, заврши Милошоски.

Последни новости