fbpx

Вести

Стојаноска: Буџетот е во дефицит со 920 милиони евра, Македонија има најниска ставка на реализација на капитални инвестиции, сите светски експерти алармираат

Дафина Стојаноска, заменик координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ утринава гостуваше во утринска програма на Алфа телевизија каде што посочи дека граѓаните поради незаинтересираноста на власта се потиснати од сиромаштија. Буџетот е во дефицит со 920 милиони евра, само во првите три месеци кога немаше корона криза буџетот беше дефицит од 120 милиони евра, граѓаните не знаат каде отидоа парите.


„Минатата недела кога се гласаше за заем од 90 милиони евра за итно справување со КОВИД, ние им велиме како опозиција за што се овие пари конкретно точно кажете, каде ќе одат 90 милиони евра. А, пратениците од мнозинството велат сега ова не е тема, сега е тема ние да изгласаме закон за заем, после ќе ви кажеме кај ќе одат парите. Крајно е несериозно од страна на парламентарното мнозинство“, истакна Стојаноска.


Стојаноска додаде дека поради таквото несериозно однесување од страна на СДСМ, Македонија осиромашува секојдневно. СДСМ корона вирусот го користи како изговор да протурка закони во Парламентот.


„Денес, да не речам вчера после пладне, во вечерните часови се додаде точка на дневен ред по скратена постапка итно менување на Законот за заразни болести. И тука ќе се предложи меѓу другото задолжително носење на маски во надворешна средина. Што под тоа ќе се подразбира? Носење на маска задолжително на лице, поседување на маска, дали и тоа не е нарушување на човековите права и слободи. Или, велам ќе не доведат до таква итна ситуација кога ќе речат мора, итно е, еве вие не сте послушни. Но не е така. Имавме наназад процес кој што на стартот јас велев, на стартот држава како Македонија, каква што сме можеше многу работи да се преземат, да се реализираат за да не дојдеме во ваква лоша состојба“, појасни Стојаноска.


Стојаноска потенцира дека Владата преводена од СДСМ три години беше на власт ниту тогаш не направи ништо добро за граѓаните, нема ниту сега. На власта единствена преокупација и беа малверзации, криминални тендери и семејни бизниси.


„Ќе бидеме во дефицит со Буџетот со 920 милиони евра. На почетокот на годинава, првите три месеци кога немавме корона криза 120 милиони евра имавме дефицит. Каде отидоа тие пари? За што се потрошија? Знае ли некој? Никој, сите молчат. Ќе излезе премиерот ќе се насмее само. Парите гледаме на што се трошат“, нагласи Стојаноска.


Стојаноска потсети дека Македонија има најниска ставка на реализација на капитални инвестиции, сите светски експерти алармираат.

Последни новости