fbpx

Вести

Стојаноска: Владејачката партија бара одржување на онлајн седниците и со тоа по кој знае кој пат за злоупотребува сериозната состојба со корона вирусот

Дафина Стојаноска, пратеник и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско гостување во емисијата на телевизија за Алфа зборуваше за онлјан седниците и рече дека владејачката партија по кој знае кој пат ја злоупотребува сериозната состојба со корона висрусот.

-Јас неколкупати имав можност да кажам дека нивната цел е да предлогот за онлајн седници набрзина да се прогура и основната поента им е да стои дека присуството не е задолжително, а за жал ја злоупотребуваат и овој пат сериозната состојба со корона вирусот, зошто? Затоа што имаат тенко мнозинство, тоа е факт и тоа им е најголемиот проблем и еве сега ќе речат знаете може да се случи секој од нас да се зарази зошто ние не сме во Собранието затворени како група, него секој од нас кога ќе завршат седниците во Парламентот си заминува дома. Нивната затскриена цел е прво како ќе го формулираме тоа, зошто имаме неколку стадиуми на луѓе што се зафатени со корона вирусот, имаме луѓе кои мора да бидат во самоизолација зошто со некој нивни близок таков биле во контакт кој што е позитивен, имаме луѓе кои се позитивни на корона , но се во домашно лекување и такви позитивни кои се на болничко лекување и сега како ние ќе разграничиме еден пратеник доколку стигне да биде позитивен, а се наоѓа на Клиника за инфективни болести и е на апарати. Зарем мислат колегите дека еден таков случај може да учествува преку видео обраќање и како тој во таква состојба би придонел за работа, потенцираше Стојаноска.

Последни новости