fbpx

Вести

ВМРО-ДПМНЕ онлајн седници не прифаќа, тоа е деградација и понижување на институцијата Собрание

„Нашиот став е јасен онлајн седници во оваа фаза не прифаќаме, затоа што тоа е деградација и понижување на институцијата Собрание, а пред се и деградација и замолкнување на институцијата пратеник“, истакна Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „за обнова на Македонија“ во текот на своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ на Алфа телевизија.

Мицевски додаде дека пратеникот е избран од граѓани, и негова должност е да искажува ставовите и барањата на истите тие што го избрале.

„Сега гледаме различни интерпретации и барање за толкување на Уставот, затоа што членот 69, фактички амандманот 10 со измената од Уставот вели дека седницата може да се одржи во присуство на мнозинството од пратениците. Толкување на зборот присуство она што ДУИ го прави овие денови, по нас е многу несериозно затоа што се знае какво е присуството. Не може присуството да не биде физичко и да го толкуваме како онлајн“, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека присуството е во Собранието, и се има доволен број на пратеници односно 120 пратеници. А, доколку има некој заболен од пратениците, пак има доволно пратеници да работат. А, доколку е спремна власта да подаде рака за демократски развиток на Собранието за можност за прифаќање на одредени забелешки и разгледување на закони пред да дојдат во собраниска процедура, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да даде целосна поддршка на одредени законски решенија каде што ќе бидат испочитувани и уважени забелешките на опозицијата.

„Секако на тој начин ќе поминат примарните закони кои што се во примерен интерес на подобрување на економската состојба и во интерес на спречување на кризата од КОВИД-19“, забележа Мицевски.

Мицевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ цело време забележува и воочува на власта дека нивните  претходни три пакети на мерки се промашени. А, тоа се забележува преку фактот што 550 милиони евра колку што требаше да се поделат на граѓаните и стопанството, се поделени само некаде околу 180 милиони евра. Односно само 33% од вкупната сума на пари предвидени со трите мерки. Ситуацијата со четвртиот пакет на мерки е иста. Се најавуваат помпезно мерките, се кажуваат високи милионски суми, но за жал тоа го нема. Реализација на тие предвидени мерки е од прилика околу 30-тина проценти. А, во однос капиталните инвестиции Македонија поради власта има поразителни податоци. Заклучно со месец август Македонија има реализација само од 125 милиони евра, или има реализација на вкупно 5% од Буџетот.

Последни новости