fbpx

Вести

Нема да поддржиме насилно и шверцерско носење на закони во скратени постапки

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во емисијата „Бизнис поенти“ посочи дека мафијата на власт работи само за свои интереси, и се богатат врз грбот на граѓаните, а тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи насилно и шверцерско носење на закони од страна на парламентарното мнозинство.

„Ние како пратеничка група рековме секое добро законско решение ќе биде подискутирано, и со кое што ќе биде запознаена опозицијата сме спремни да го поддржиме. Но нема да поддржиме насилно и шверцерско носење на закони во скратени постапки или на начин на кој што се научени изминативе три години“, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека политичка криза дали ќе има во Македонија зависи од актуелната власт.

„Дали ќе има политичка криза зависи од власта и од мнозинството, не зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме отворени за соработка на секое поле, аргументирано и разумно да се продискутира, а не насила и површински носење на закони. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се бори во Собранието заедно со сите опозициони партии кои што исто така сакаат да рефлектираат и артикулираат опозициони ставови. И мислиме дека ова сето што го прави оваа мафија на власт е погрешно, затоа ние ќе се спротивставиме на оваа мафија  во интерес и потребите на граѓаните“, заклучи Мицевски.

Последни новости