fbpx

Вести

Јорданов: Идниот градоначалник на Штип треба да биде сервис на граѓаните и да има мотивација да го развие градот

Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денес говореше за локалните избори кои треба да се одржат на 13 декември во Штип каде посочи дека идниот градоначалник на Штип треба пред се да биде сервис на граѓаните.

-Идниот градоначалник на Штип треба да биде сервис на граѓаните, а не граѓаните сервис на градоначалникот, да покаже ентузијазам, пред се волја, желба, мотивација да го развие градот, да помогне на граѓаните да ги сервисира редовно комуналните обврски на граѓаните, да работи повеќе и помалку да ветува, истакна Јорданов.

Јорданов истакна дека сегашниот министер за транспорт и врски, а поранешен градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски изјавил дека доколку биде градоначалник од редовите на опозицијата градот ќе биде закочен.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги прави анкетите за тоа кој ќе изберат за кандидат за градоначалник на Штип.

 

Последни новости