fbpx

Вести

Нелоски: Мерката за намалување на бројот на ЈСП автобуси е конфузна, власта треба да одговори како ќе се воведе ред во тие 50%, дали ќе има редари

Денес за вестите на Алфа телевизија изјава даде и претседателот на градскиот комитет при ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. Тој посочи дека мерките власта што ги предлага со цел да се заштити здравјето на граѓаните се делумни и нејасни. Со предложените мерки на власта тешко дека ќе ги заштитат граѓаните од пандемијата. Предложената мерка за намалување на бројот на ЈСП автобуси е конфузна, власта е должна да објасни на граѓаните како ќе ја реализира таа мерка.

„Јас искрено посакувам да придонесат новите мерки, но се сомневам дека придонесат. Зошто го говорам ова, една од приложените, поригорозни мерки кои што се говорат дека ќе бидат како втор пакет донесени во наредната недела е дека кафетериите, сите ресторани, сите економски објекти ќе бидат затворени во 23 часот. Тоа нема да придонесе ништо, тоа е еден саат што ќе го изгубат граѓаните, дополнително се спомнува дека ќе се намали бројот на ЈСП автобуси, но како ќе се воведе ред во тие 50%, дали ќе има редари, ЈСП исто така има проблем со исплата на плати, едноставно многу е конфузно, оскудно тоа што се кажува. Граѓаните се во заблуда сега“, истакна Нелоски.

Нелоски додаде дека власта и институциите се должни да обезбедат услови во време на пандемија кога граѓаните ќе се заштитени, но и нема да се ограничуваат со мерки, како што е јавниот превоз.

Последни новости