fbpx

Вести

Македонската комисија треба да покаже достоинство, бугарската комисија ги пречекорува македонските црвени линии

„Мојот повик беше комисијата да престане со работа. Бидејќи едноставно македонско – бугарската комисија дојде до точка каде што нема потреба што повеќе да каже, да дебатира. Со непренципилени ставови, со луѓе кои што сакаат само едната страна да се слушне, кои што бараат откажување, бараат редефинирање на нешто што е концепт на македонскиот национален идентитет, вграденост во македонската државност. Веќе нема потреба да се дискутира“, нагласи Иванка Василевска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при своето вклучување во емисијата „Што не е јасно“.

Василевска додаде дека науката треба да покаже достоинство. Македонската Комисија треба да покаже дека и Македонија има црвена линија од која не треба да се пречекори.

„Тоа е нешто што требаше многу одамна да го сторат. И се надевам дека наскоро членовите на Комисијата ќе ја исцртат таа црвена линија, бидејќи тие го претставуваат македонскиот народ и македонската историја“, заклучи Василевска.

Василевска посочи дека поради оваа власт имаме неселективна правда, корупција и криминал на сите страни. Оваа влада владее со ненародни основи.

Последни новости