fbpx

Вести

Гоце Делчев за Македонците претставува македонско национално достоинство

Во емисијата „Што не е јасно“ имаше свое вклучување и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Иванка Василевска. При своето вклучување посочи дека Гоце Делчев е не само црвената линија на Република Македонија, туку претставува македонско национално достоинство, кое е комплетно згазено од страна на власта.

„Почнуваме пред министерството за неправда, ќе поминеме низ мостот „Гоце Делчев“, и ќе стасаме пред министерството за ненадворешни и ненародни работи на Македонија за да покажеме еден јавен протест, да упатиме апел до меѓународната заедница дека Гоце Делчев е не само црвената линија на Република Македонија, туку нашето македонско национално достоинство, кое е комплетно згазено. И имаме неопходна потреба на ваков начин, на цивилизиран и мирен протест да изразиме револт за сето ова што се случува од страна на оваа ненародна и недржавничка власт“, нагласи Василевска.

Василевска додаде дека да се откаже од Гоце Делчев од име на една влада која што не застапува ниту еден национален интерес, во секоја цивилизирана и современа држава најказниво дело. И истото тоа се санкционира на избори.

„Но за жал, ние знаеме како овие избори завршија и како оваа ненародна власт освои дури два пратеника повеќе од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзината Коалиција. И од таму сега со петни сили брзаат многу брзо да го решат и овој дел од нивната задача на квинслинзи“, истакна Василевска.

Василевска посочи дека македонскиот народ е конститутивен и државотворен, сите сме Македонци и Гоце Делчев е симбол на националниот и државен непокор. Од таму таа симболика која што историски е разјаснета, расчистена, и во минатото е елаборирана од страна на многумина академици и не само од Македонија, туку ширум Балканот, низ Европа и светот.

Последни новости