fbpx

Вести

Следуваат финансиски удари врз џебот на граѓаните, а владата нема план

Потпишавме еврообврзница, потпишавме кредит од ММФ, секоја аукција на државни записи, ова што требаше да биде наменето за брутален поткуп не го потпишавме. Не можам да се изначудам на тоа што се лиферуваше, а сеуште е актуелно. Но, се надевам на една нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе се справуваме со предизвиците пред нас, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

Мицкоси посочи дека сега следи една ситуација во која ќе треба да се решаваат многу работи, а за што владата нема план.

-Ни треба општествена мобилизација затоа што не чека лош период. Суштината е таа дека мора сите заедно да се обединиме не како партии, туку општествено за да се справиме со финансиските удари еден е почакување на струја, имаме нова аукција на 39 милиони евра, јас зборувам за макроекономската стабилност, нема план како да се справиме со тоа, посочи Мицкоски.

Последни новости