Имаше обиди за поткуп, им се приоѓало на пратениците. Неколкумина од пратениците ми посведочија дека си дозволиле да им пријдат и да им нудат привилегии од името на раководство на СДСМ. Потоа доколку го прифателе тоа им ветувале средби со лица од СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.

Мицкоски укажа дека е згрозен како се поима политика од страна на СДСМ.

-Згрозен сум од начинот на кој Заев и ова раководство на СДСМ ја поима политиката. Тие мислат се се купува. Овие луѓе кои имале таков обид се брутално одбиени. Но, за жал сега имаме таква ситуација кога ова раководство од СДСМ на овој начин ја подразбира политиката. Тие ова го правеа и претходно. Но, овие 44 пратеници веднаш одбиле такво нешто, рече Мицкоски.