fbpx

Вести

Во првите 100 дена од новото собрание ќе бараме да се изгласа закон за испитување на потеклото на имот


Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, побара идниот парламент во првите 100 дена да го усвои законот за испитување на потеклото на имотот на политичарите, укажувајќи дека перцепцијата кај луѓето за недоверба во судството и во политичарите мора да се промени.
Народот вели доаѓа политичарот најпрво лаже, за да може ние да го гласаме за да краде. Гледавме примери дека има многу политичари кои пред да влезат во политиката и од како влегле во политиката несразмерно го зголемиле сопствениот имот и имотот на сопственото семејство. Затоа ние велиме дајте луѓе да усвоиме во првите 100 дена еве од функционирањето на идниот парламент, закон со кој што ќе се утврди потеклото на имот на политичарите и нивните семејства и на тој начин еднаш засекогаш да се растуркаат тие пердуви кои што се расфрлани по политичарите. Ако има такви да имаат можност да докажат како го спечалиле тој имот, ако немаат тој имот со 70, 80 проценти да се оданочи и на крај да се конфискува низ една судска постапка. Затоа што мораме да ја вратиме довербата во институциите бидејќи проблемот е што луѓето не веруваат ниту во судството ниту во политичарите, а за жал едните се одговорни преку закони да ја подобрат работата на овие другите, вели Мицкоски.

Последни новости