fbpx

Вести

Стојаноска: Ветуваме гасификација на Гостивар и на цела Македонија

Носителот на изборната единица 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска денес од гостиварската населба Циглана се обрати на граѓаните на Гостивар.

Таа ги поздрави жителите на нејзиниот роден Гостивар и на жителите на населба Циглана. “Тука живеат вредни и чесни луѓе, луѓе домаќини и Циглана важи за бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Бастион затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема изгубено во Циглана. Така ќе биде и овој пат на 15 Јули. Жителите на Циглана велат не само што се патриоти туку затоа што овој пат се локал патриоти и ќе го заокружат бројот 14 не само заради носителот на листат кој што е од Гостивар туку затоа што на нашата листа на првите добитни места се наоѓаат токму гостиварчани и сите заедно се обврзуваме дека ќе ја вратиме вербата во честа и достоинството и ќе ја обновиме Македонија”.

“На изборите ќе се избира меѓу проф. Д-р Христијан Мицкоски и Зоран Заев. Меѓу обновата што ви ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Заев. Помеѓу чесната понуда на ВМРО-ДПМНЕ и рекетирањето од СДСМ кое е на очиглед на сите”, предупреди Стојаноска.

“Во нашата програма со 1000 проекти ви ветуваме и стоиме на зборот дека ќе ги зголемиме платите за 20 проценти. Пензиите ќе ги зголемиме за 25 проценти. Ветуваме силна економија”, истакна Дафина Стојаноска.

Носителот на  ИЕ 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар ветува “изградба на модерна инфраструктура. Таа е потребна за обнова и на економијата и стопанството и индустријата. Ветуваме целосна гасификација како на Гостивар така и на цела Македонија. Така ќе инвестираме во екологијата и во иднината со тоа што ќе ги заштитиме шумите на Шар Планина од дивите сечачи”.

“Ве повикувам на 15 јули да излеземе во голем број, со лична заштита и да не се плашиме да му ставиме крај на владеењето на СДСМ. На изборите ве повикувам да заокружите број 14 за обнова на Македонија”, порача Дафина Стојаноска.

Последни новости