fbpx

Вести

Мицкоски: Никогаш нема да преговарам за што бил Гоце Делчев или да се откажам од македонскиот јазик

 Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на 24 телевизија по неколку настојувања кон господинот Заев за проблемот со Гоце Делчев, истакна дека за разлика од Заев тој никогаш нема да преговара за тоа што бил Гоце Делчев или да се откаже од македонскиот јазик.

-Никогаш нема да прифатам да преговарам што бил Гоце Делчев или дали мојот мајчин јазик не бил македонски или дали е македонски од 1945 година па наваму, изрично посочи Мицкоски на дебатата.

Мицкоски вели дека ние врз основа на тоа име и врз основа на Гоце Делчев сме создале држава, и го критикуваше Заев дека со Договор со Бугарија го потпишал тој што никој не се осмелил да го потпише.

-Затоа со обновата мораме да ги исправиме ваквите капитулации на Зоран Заев, посочи Мицкоски.

Последни новости