fbpx

Вести

Мицкоски до Заев: Вашите предавства скапо ја чинат државата

 Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на 24 телевизија,во врска со надворешната политика на оваа влада, му посочи на Заев дека неговите предавства скапо ја чинат државата.

-Господине Заев вашите предавства, вашите капитулации скапо ја чинат државата, за тие пусти пари кои ги спомнувате да си го продадете сопствениот народ, а сиот народ знае на што сте вие подготвени, колнејќи се во жицата во најмилото,во гитарата итн.- му посочи Мицкоски на Заев.

Мицкоски исто така го праша  Заев дали знае на кој јазик го потпишал Договорот со Бугарија, оној според Уставот вели Мицкоски.

-Моите баба и дедо и прабаба и прадедо се македонци и пред 1945 година и говореле македонски јазик и пред 45-тата, епа Договорот што го потпишавте е според Уставот, вели Мицкоски.

Тој го критикуваше Заев дека сега тие луѓе што ги споменува го третираат македонскиот јазик е од 45-та па наваму, ако и тоа дека ние не сме македонци, дека сме дел од Коминтерна и дека претходно не постоеле  македонци, дека сме биле македонски бугари, истакна Мицкоски.

Последни новости