fbpx

Вести

Олабавувањето на мерките не треба да бидат изговор за одење на избори, сите анкети велат дека 75% од граѓаните не сакаат брзи парламентарни избори

Сите анкети покажуваат дека 75% од граѓаните велат дека во Македонија не треба да има брри парламентарни избори, првенствено затоа што луѓето сеуште се исплашени комотно да излезат од своите домови, а камо ли да да дојдат и да гласаат на избори, смета меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.


Тој во емисијата “Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека олабавувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, не треба да служат како изговор за одење на брзи избори, затоа што за разлика од некои земји во регионот во кои има намалување или пак нема воопшто нови заболени од Ковид-19, кај нас сеуште има висок број на ново заразени, но и на починати лица.


- Олабавувањето на мерките не треба да служат како изговор за одење на парламентарни избори, да не кажам утре. Практично, ние за три четири дена да ја започнеме кампањата. И реално, кога ќе ги прашаме граѓаните, сите анкети кажуваат дека 75% од нашите граѓани велат дека не треба да има брзи избори. Доколку ние успееме да постигнеме консензус за нешто што кај граѓаните, условно ќе се толкува како брзо, ние тие 75% треба да ги убедиме дека сме создале соодветни протоколи за да има поголема излезност, рече Муцински.


Тој појасни дека сеуште не гледа убедување кај граѓаните дека тие се подготвени да бидат во контакт со кандидатите за пратеници, но и да учествуваат во настаните на политичките партии, бидејќи изборите не се само денот на гласање, туку дека тие се комплексен процес.


- Јас не гледам сеуште убедување кај граѓаните дека тие се подготвени да бидат во контакт со кандидатите за пратеници, да учествуваат на настани од политичките партии, бидејќи ние изборите не треба да ги толкуваме само како изборниот ден, ние мора да го толкуваме како процес на претставување на кандидати, на процес на платформи. Не можеме ние да имаме Фејсбук Влада, избрана преку Фејзбук парламентарни избори, додаде Муцински.


Мора да обезбедиме, вели Муцински, минимални нормални услови за да допре политичката порака, бидејќи во оваа кампања имаме потални спротиставени политички гледишта за тоа како треба да движи државата напред.


- А јас искрено, посакувам што побрзо да имаме функционален парламентарен состав, кој ќе има контрола врз Владата. И тој парламентарен состав ќе има обврска да направи ревизија на се ова што се случувало во овој период на вонредна состојба, децидно вели Муцински.

Последни новости