fbpx

Услови за користење

Секој корисник на vmro-dpmne.org.mk со самата посета на овој портал, без никакви ограничувања се согласува со условите за користење и на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, одстапува целосни права да ги менуваат условите во било кое време без предвремено известување. Изменетите услови ќе стапат во сила откако ќе биде истакнато јавно известување.
Некои од понудените сервиси на vmro-dpmne.org.mk можат да бидат достапни под услови кои се различни од општите услови за користење, а со нивната употреба секој корисник се согласува и со дополнителните услови за користење. Доколку таквите услови се во директен конфликт со општите услови за користење, во конфликтните ситуации во сила стапуваат условите за користење на дополнителниот сервис.
Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ги има правата на своја дискреција да ги преземе следниве постапки без претходни известувања:
  • Да забрани, измени, суспендира или откаже пристап до било кој дел од vmro-dpmne.org.mk на било кого.
  • Да одбие, измени или избрише било каков материјал кој е објавен или испратен на vmro-dpmne.org.mk
  • По своја волја да забранува и ограничува пристап кон vmro-dpmne.org.mk без претходни известувања.
Вие се согласувате дека нема да го третирате vmro-dpmne.org.mk како одговорен доколку бидат преземени било кои од споменатите постапки.
Со користењето на сајтот се согласувате дека нашите услуги можат да вклучуваат и дополнителни комуникации како најави на нови сервиси и администативни пораки од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ или пак некој од нашите партнери и целосно се согласувате дека таквите комуникации ќе ги третирате како дел од нашите услуги. При испраќањето на вакви комуникации, Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да вклучи во нив и маркетинг материјал.
Содржина
 

vmro-dpmne.org.mk има разновидна содржина создадена од наши автори, партнери, корисници или надворешни соработници. Сите материјали објавени на нашиот сајт, вклучувајќи текстови и каде што е прикладно слики, графики, илустрации, знаци, логоа, звуци, видео клипови, се заштитени со авторски права, права на заштитни знаци или права на интелектуална сопственост.

Вие ги немате правата да ги изменувате, јавно објавувате (освен за едукативни цели), дистрибуирате, продавате, или на било кој начин искористувате овие материјали во целост, без претходна дозвола од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавување на наши текстови
Ваши права, легални обврски и ограничувања
Барања и забелешки
Дополнителни информации