fbpx

Тони Михајловски

Тони Михајловски е познат македонски театарски и филмски глумец и ТВ и радио водител. Михајловски дипломира на Драмскиот факултет во Скопје.

Добитник е на голем број домашни и странски награди на филмски и театарски фестивали.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мртов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.