fbpx

Тијана Тесалоника Шишкоска

Тијана Тесалоника Шишкоска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 година. Средно образование завршила во Гимназијата “Св.Климент Охридски“ во Охрид, моментално апсолвент на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје.

Активно учествувала во активностите на средношколската унија при ОК Охрид, а подоцна и во комисијата за студенти во Скопје. Во август 2018 година е избрана за член на Републичката комисија за правни работи. За време на парламентарните избори 2020 година е дел од Регионалниот изборен штаб во ИЕ5. Шишкоска има посетено неколку обуки и семинари во организација на Охрид Институт, ЕЛСА, НДИ, MK91 и Конрад Аденауер. Избрана е за член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од септември 2020 година.