fbpx

Стефани Стојаноска

Стефани Стојаноска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година. Средно образование завршила во СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев,, во Прилеп. Студент е на филолошкиот факултет ,,Блаже Конески,, во Скопје, македонски јазик и јужнословенски јазици.

Во 2015 е избрана за претседател на Средношколската унија на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во 2017 е избрана за претседател на месниот комитет Под Кули во Прилеп.  Од 2018година е избрана за претседател на студенти на УМС ВМРО-ДПМНЕ од  Прилеп.

Одлично зборува англиски јазик, а има и посетено неколку обуки и семинари во организација на ЕУ,  учествуваше и на летната школа во Струмица во 2019 година, како и семинарот во ЈHS во Скопје во 2018 година, беше и член на комисијата за образование во 2019г во УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Член на Извршниот Комитет на УМС од 2020 година.