fbpx

Стефани Најденовска

Стефани Најденовска  е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2009-та година, средно образование завршила во ОСМУ „Јован Калаузи“ во Битола , и дипломирала на Економскиот факултет на насока сметководство и ревизија на уверзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје. Моментално е стипендист на магистерски студии при ФОН Универзитетот, насока меѓународни финансии. Нејзината политичка активност започна во  периодот од 2009  година како координатор на средношколската унија при медицинското училиште во рамките на УМС Битола, на оваа позиција беше до 2014 година.

Од 2014 година до 2018 година работеше во рамките на студентската унија при УМС. Во 2018 година Стефани е избрана за член на ОК УМС Битола, а во 2019 година е назначена за организационен секретар на ОК УМС Битола.   За време на мандатот во ОК УМС Битола Стефани има посетено повеќе семинари и обуки за политичко надградување. Во јануари 2020 година Најденовска е избрана за портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. Стефани Најденовска е избрана за член на на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 07.09.2020 година.