fbpx

Стефан Андоновски

Стефан Андоновски е магистер по меѓународни односи и меѓународна економија од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД, на Школата за напредни меѓународни науки (SAIS). Во 2013 дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По магистрирањето со почести во САД, во Македонија работи како консултант и советник за меѓународна соработка и комуникации во бројни домашни и странски приватни компании.

Во ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите скалила на Унијата на млади сили, преку републичката Правна комисија, Извршниот комитет на УМС, а во 2018 година ја врши и функцијата ВД потпретседател на УМС. Со одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, е избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 22.09.2020 година. Дополнително на партискиот ангажман, Стефан е вклучен во работата на бројни организации од НВО секторот како проектен менаџер и консултант. Бил говорник и учесник на семинари и конференции во САД, Кина, Русија, Турција, Германија, Италија, Норвешка, Австрија и земјите од регионот. Зборува македонски, англиски, италијански и српски, а се служи и со германскиот јазик.