fbpx

Д-р Слободанка Алексовска

Д-р Слободанка Алексовска е млада, амбициозна жена, лидер и носител на повеќе опшествени улоги и титули.

Таа е активна политичка личност која од 2018 година е Потпретседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено е жена со професионална кариера, дел од менаџмент на меѓународна компанија, мајка и сопруга.

Алексовска во текот на професионалното и политичкото искуство има значаен придонес за намалување на невработеноста и учество на жените на пазарот на труд, како и јакнење на економската позиција на жените.

Алексовска е доктор по правни науки на Apollos University USA.

Политичкото ускуство го стекнува од млада преку УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателка била и на Републичката Комисија за труд и социјална Комисија 2018-2019 год. Како и член на Global Women Leaders платформата.