Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат составен дел од организациската структура на партијата. ВМРО-ДПМНЕ ја поседува најраспространетата мрежа на задгранични комитети кои се протегаат во поголемите градови во Европа, САД, Канада, Австралија-секаде каде што постојат македонски иселеници и поголема македонска заедница.
ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното формирање, до сега традиционално ја одржува врската со македонските иселеници. Составот и начинот на работата и начинот на избор на задграничните комитети и други органи на местните организации, се уредуваат со Деловник за работа на местните организации на ВМРО-ДПМНЕ.
Изборот на претседателите на задграничните комитети се врши според постапка и начин како и Претседателите на Општински комитети-преку јавен повик и отворена и транспарентна процедура на која ќе можат да аплицираат сите кои се заинтересирани, кои ги исполнуваат условите и кои со својот капацитет можат да придонесат за развојот, напредокот и доследната примена на политиките на партијата. Целта е да се мобилизираат, соединат токму вакви кадри, да се донесе свежина и дополнителен раст.
За ВМРО-ДПМНЕ македонските иселеници се важен столб во изградбата и напредокот на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја негува врската со македонските иселеници бидејќи тие се мостот кој обедиунува и сплотува. Задграничнните комитети на ВМРО-ДПМНЕ ја имаат целосната поддршка во остварување на целите за заедништво, единство и преставување на македонските интереси.
Наша обврска како партија е да останаме блиски до македонците кои живеат надвор од нејзините граници. Зачувувањето на македонскиот јазик, македонската култура и традиција и најважното сплотеноста.
ВМРО-ДПМНЕ сосема свесно ја носи историска одговорност за иднината на граѓаните! ВМРО-ДПМНЕ работи чесно, совесно и одговорно, за интересите на сите граѓани и во насока на исполнување на државните цели и приоритети на Република Македонија. Далечината на тој план не смее да биде пречка.
Дијаспората е нераскинлив дел од ВМРО-ДПМНЕ, нашинците низ светот кои со години и децении живеат во странство, се наш најголем амбасадор и промотор како држава. Дијаспората има цврста и нераскинлива врска со Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ, и таа врска имаме обврска да ја јакнеме. ВМРО-ДПМНЕ преку задграничните комитети е гласот на дијаспората во Македонија.
Задгранични комитети
Задграничен Комитет | ПРЕТСЕДАТЕЛ | e-mail: |
Виена, Австрија | Ангелковски Гоце | [email protected] |
Утрехт Холандија | Трајков Ристо | [email protected] |
Луксембург | Ристовска Магдалена | |
Амстердам | Милески Даниел | [email protected] |
Хамбург | Иванов Митко | [email protected] |
Малме | Јованов Александер | [email protected] |
Лондон | Ставрев Александар | [email protected] |
Берлин | Кленкоски Роберт | [email protected] |
Локарно Швајцарија | Смилков Игорчо | [email protected] |
Марибор | Пијанманов Бобан | [email protected] |
Местре – Венеција | Мифтароски Рамазан | [email protected] |
Париз | Спиридонов Јонче | [email protected] |
Штудгарт | Крстески Ацо | [email protected] |
Цирих Швајцарија | Јанев Мартин | [email protected] |
Канели Италија | Захариева Илона | [email protected] |
Пјаченца Италија | Барбутов Трајче | [email protected] |
Љубљана Словенија | Крстевски Владимир | [email protected] |
Лозана | Велков Павле | [email protected] |
Брисел | Боцевски Габриел | [email protected] |
Женева | Аџијоски Дејан | [email protected] |
Салцбург | Радически Далибор | [email protected] |
Мајнц | Николовски Иво | [email protected] |
Келн | Данајлоски Игор | [email protected] |
Прага | Тасевски Владимир | |
Алва | Димитров Христијан | [email protected] |
Даблин | Аштлоски Ангелко | [email protected] |
Стокхолм | Туфекџиев Наке | [email protected] |
Дизелдорф | Антов Димитар | [email protected] |
Копер Словенија | Жежовска Весна | [email protected] |
Крањ Словенија | Симоновски Душко | [email protected] |
Гетеборг Шведска | Стојчевски Милан | [email protected] |
Франкфурт Германија | Драгановски Бојан | [email protected] |
Конелјано Италија | Наумовски Горан | [email protected] |