fbpx

Орце Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски е роден на 05.08.1987 година. Ѓoрѓиевски е дипломиран политиколог. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 2005 година. Ѓорѓиевски својата партиска кариера ја започнува како претседател на МК на УМС, подоцна станува член на ОК на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станува претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2013-2016 година е член на ИК на УМС ВМРО-ДПМНЕ, а во 2015 е исто така назначен и за потпретседател на УМС. 2016 година станува претседател на ОК Кисела Вода. 2018 година станува член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.На последните локални избори е избран за член на Советот на Општина Кисела Вода. На парламентарните избори 2020 година е назначен за претседател на РИШ за Изборна единица 4.