fbpx

Нермин Теловска

Нермин Теловска е родена во Скопје, има завршено магистерски студии на Факултетот за јавна администрација и политички науки при Универзитетот на Југоисточна Европа во 2016 година, како и магистерски студии на Институтот за дефектолошки науки, насока логопедија при  Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“, Скопје, во 2013 година.

Теловска е Претседател на Одборот на логопеди, при Сојузот на дефектолози на Македонија од октомври, 2011 до денес.

Член е на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 14.06.2015 до 10.12.2017;

Член на Извршниот комитет на Унијата на жениод 09.11.2018 до денеска.

Член на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Чаир од 03.05.2018 година до денеска.

Претседател е на Комисијата за родова политика и член на Комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашањаод 21.02.2018 година до денеска.

Кандидат за градоначалник на општина Чаир на изборите за градоначалници и членови на советите на општините на Градот Скопје на 15.10.2017 год.

Член е на Извршниот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.