fbpx

М-р Милка Тримчевска

Милка Тримчевска е дипломиран професор по македонски јазик и магистер по менаџмент на човечки ресурси. Од 1998 година работи како наставник по македонски јазик и беше два мандата директор во две основни училишта.  Од 2017 година е стручен соработник – библиотекар во основно училиште.

Тримчевска е член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ, претседател на Унијата на жени ОК Аеродром, член на Централната комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ, член на Општинскиот комитет Аеродром, член на Комисијата за образование ОК Аеродром. И претходно беше член на ОК Аеродром, член на Комисијата за образование ОК Аеродром во континуитет, а беше и претседател на УЖ, како и координатор на КИМ во МК „Горан Николовски“ - ОК Аеродром. Член е на ВМРО – ДПМНЕ од 1999 година.