fbpx

Марина Кавракова

Марина Кавракова е дипломиран економист на Факултетот за економски науки при УКИМ, на финансиско- сметководство  банкарска насока.
Во своето работно искуство има работено како

  • Професор по економија во Средното училиште „Васил Антевски Дрен“ – Скопје во 1992 година.
  • Директор на фабриката за чевли Тамаго – Скопје во 1993-1998 година,
  • Помошник директор во Царинската управа на РМ од 1999-2000 година,
  • Директор на Агенцијата за приватизација од 2000 до 2001 година,
  • Член на Советот на НБРМ од 1996 до 2006 година,
  • Претседател на Комисијата за хартии од вредност на РМ од 2007 до 2012 година,
  • Директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на РМ од 2012 до 2017 година, и
  • Самостоен советник во Царинската управа на РМ од 2017 година до денеска.

Говори одлично англиски јазик.