fbpx

Марија Андонoвска

Марија Андонoвска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година, таа од нејзините почетоци во МК Ѓорче Петров до денес, била носител на повеќе партиски активности, меѓу кои и Потпретседател на УМС, Потпретседател на Комисија за здравство, член на ИК на УЖ, како и организационен секретар на партијата. 
 
Андоновска е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник во Општина Ѓорче Петров.Андоновска работи како доктор стоматолог на Универзиретскиот стоматолошки клинички центар во Скопје.  Магистер е по стоматолошки науки, специјалист по ендодонција и реставративна стоматологија и докторанд на Стоматолошкиот факултет во Скопје.