fbpx

Лилјана Кузманoвска

Кузмановска е дипломиран економист, со работно искуство како професор по математика, раководител во Државен завод за статистика-Битола, Државен инструктор за спроведување попис на население, претседател на Совет на општина Битола до 2011 година. Кузмановска е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2011 до 2020 година.

Од 2003 година до 2006 година е Претседател на ОК Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ  Битола, а од 2003 година до сега е член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Од  2008 година до 2018 година е член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2008 година до 2011 е генерален секретар во ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2013 година, до 2018 година е потпретседател на УЖ на ВМРО ДПМНЕ. Од 2007 година до денеска е активен член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.