fbpx

Јелена Жугиќ

Јелена Жугиќ е советник во Советот на Град Скопје од 2017та год. Жугиќ е дипломиран актер и од 1997год е вработена во Драмски Театар Скопје, каде успешно ја гради својата актерска кариера.

Во 2012год е назначена за директор на ново оформената Национална Установа Театар Комедија и до 2017та успева да го издигне театарот на високо професионално ниво.

Од 2008год во континуитет до денес е член на комисијата за култура во ВМРО ДПМНЕ. Таа е член на Извршниот Комитет на Унијата на Жени од 2014год.

Во 2015та год беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија но поради потребата од нејзините лични заложби во културата, таа го одби пратеничкиот мандат. Во периодот од 2015та до 2018та, Жугиќ е член на Општинскиот Комитет Аеродром. Јелена  говори англиски и српски јазик.