fbpx

Игор Николов

Игор Николов е доцент на медицинскиот факултет во Скопје на Универзитетската Клиника за нефрологија. Николов е стипендист на француското здружение на нефролози.

Николов својата субспецијализација по нефрологија ја завршува на Универзитетот Париз. Николов е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, тој е Потпретседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ од 2017 година.

Тој е и член на ИО на Лекарската Комора на Македонија од 2013 до 2017 година. Во 2016 година е именуван за шеф на економска мисија на Инвест Македонија во Париз.  Николов има сертификат за одлично познавање на француски и англиски јазик, додека добро познавање има и од руски јазик.