fbpx

Христијан Трајаноски

Христијан Трајаноски е член на ВМРО – ДПМНЕ од 2007 година. Средно образование завршил во општинското средно училиште „Мирко Милески – Кичево“ во 2015 година, истата година се запишува на „Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје“ (во понатамошното спомнување во текстот ќе биде пишувано како: ФЗНХ – Скопје), насока Квалитет и безбедност на храна (студите се во тек). Во текот на студиите тој е активен во работата на студентите, односно потесното раководство на студенти во Студентски Парламент при ФЗНХ – Скопје. Ја извршува функцијата на потпретседател на Студентскиот Парламент при ФЗНХ – Скопје, со извршување на должностите од 1 година. Исто така Трајаноски е член и на Наставно – научниот совет на ФЗНХ – Скопје од 2017 година.

 

Трајаноски во 2010 година е избран за член на ОК на УМС на ВМРО ДПМНЕ во Кичево. Во текот на неговиот ангажман во ОК на УМС на ВМРО ДПМНЕ – Кичево, Трајаноски се стекнува со повеќе функции во ОК Кичево. Трајаноски е избран за член на Извршниот Комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ од 11 Февруари 2019 година.