fbpx

Горјан Донев

Горјан Донев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година, средно образование завршил во Средното економско училиште „Арсениј Јовков“, а дипломирал на економскиот факултет во Скопје, насока менаџмент. Донев во 2009 година е избран за член на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел.

За локалните избори во 2013 година е дел од ГИШ. Член е на РИШ за парламентарните и претседателски избори во 2014 година. Донев за локалните избори 2017 година е потпретседател на ОИШ Бутел. Тој одлично зборува англиски јазик. Донев има посетено повеќе меѓународни обуки и семинари во  организација на ММФ, ЕУ, Erasmus +  и е постојан член на CEMÉA – Marseille.
Донев е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 16.04.2018 година.