fbpx

Ѓорѓија Сајкоски

Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево, тој е доктор на историски науки, своето додипломско и постдипломско образование го стекнал на Филозофскиот факултет при УКИМ. Сајкоски во текот на својата професионална кариера работел на повеќе работни позиции, меѓу кои во НУ Музеј на западна Македонија, бил директор на Центарот за култура Кочо Рацин во Кичево, претседател на Советот на општина Кичево од 2009 – 2013 година, заменик министер во министерството за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица, а моментално е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Сајкоски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 90 – тите години, тој бил на повеќе партиски функции, од 2004 до 2008 година е претседател на МК Девеана , од 2004 до 2010 година е претседател на Комисијата за култура при ОК Кичево. Во 2010 година е избран за член на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, функција на која останува до 2014 година. Сајкоски ја извршувал и функцијата потсекретар во период од 2011 до 2015 година, а истиот е и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево во период од 2010 до 2020 година, кога е избран за генерален секретар на партијата.