fbpx

Филип Здравковски

 

Филип Здравковски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година, средното образование го завршил во Средното економско и правно училиште „Васил Антевски - Дрен“, насока правен техничар. Во моментов е студент на Факултетот за информатика при МСУ Гаврило Романович Державин, насока Софтверски технологии.

Здравковски најпрво е вклучен во работата на Местниот комитет Даме Груев, при Општинскиот комитет Ѓорче Петров. Потоа, станува член на Општинската ИТ Комисија при УМС Ѓорче Петров. Активно е вклучен во работата на УМС Ѓорче Петров, по што во средината на 2016 година е избран за претседател на УМС Ѓорче Петров.

Здравковски има посетено повеќе домашни и меѓународни обуки, семинари и конференции во организација на UNDP, OSCE, ЕУ, Erasmus + и др . Филип е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од февруари 2019 година.