fbpx

Филип Митрески

Филип Митрески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2008-та година, средно образование завршил во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево,моментално е студент на Безбедносно инженерство - Безбедност при работа на  Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин„- Битола.

Неговата политичка активност започна во периодот од 2008 како член на средношколската унија во гимназијата Мирко Милески во Кичево, од 2009 година до 2016 година работеше како претседател на месен комитет Карпош во Кичево.Од 12ти Јули 2018 година Филип е избран за претседател на  Унија на Млади Сили на Општински комитет Кичево. За време на мандатот Филип има посетено повеќе семинари и обуки за политичко надградување.Филип Митрески е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 07.09.2020 година.