fbpx

Димитар Димовски

Димитар Димовски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година. Претседател е на ОК на УМС во Берово од 1991 до 1995 година. ВД претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 1995 – 1996 година. Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 – 1997 година.

Член на Републичките комисии на ВМРО-ДПМНЕ за односи со НВО и мали и средни претпријатија во период од 2005 – 2007  година. Потсекретар за ОК  Гевгелија, Валандово и Демир Капија од 2017 година. Димовски како координатор во последните изборни циклуси бил во Гевгелија, Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица.

Во повеќе изборни циклуси бил член на Регионалните и на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Димитар Димовски е дипломиран шумарски инжинер и магистер по агроекономија.