fbpx

Цветан Трипуновски

Цветан Трипуновски е дипломиран земјоделски инженер. Трипуновски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Во период од 2003 година до 2007 година ја извршува функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.

Во периодот од 2007 година до 2017 година е потсекретар на партијата за Изборните единици 3 и 4. Од 2009 година до денес е член на Републичката комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 година до 2008 година е директор на Државната фитосанитарна лабораторија. Во периодот од 2008 година до 2011 година  е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2015 година Трипуновски е именуван за директор на Инспекторатот за земјоделие, функција која ја извршува до 2017 година. На последните локални избори е избран за претседател на Советот на Општина Петровец. На 3 јануари 2020 година е назначен за дополнителен заменик министер во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничка влада.