fbpx

Александар Николоски

Александар Николоски е роден во Охрид. Дипломира на политички науки на Правниот Факултет на Јустинијан Први во Скопје, а во моментот го подготвува и магистерскиот труд во областа на применетата политика.

Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ. Николоски е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран во 2017 година. Александар Николоски е активен во општествено политичкиот живот од своите средношколски денови и во тој период е Претседател е на Средношколската унија на Македонија во периодот од 2000 година до 2002 година.

Николоски за прв пат е избран за пратеник во 2006 години и ја извршува функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија во повеќе мандати. Во Собранието има повеќе функции и е активен во донесувањето на голем број закони.

Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Александар Николоски во периодот од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што претставува највисока функција на било кој македонски пратеник во меѓународна организација. Во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Во периодот од 2016 до 2017 година Николоски е прв потпретседател на Комитетот за политички работи и демократија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Во 2018 година Александар Николоски станува потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
На последните предвремени парламентарни избори 2020 година, Николоски е избран за носител на Изборната единица 4.