fbpx

Анита Гинова Каракутова

Анита Гинова – Каракутова родена 1976 година  во Ербах, Р. Германија. Живее и работи во Кавадарци. Мажена, мајка на едно дете. По професија дипломиран менаџер по царина и шпедиција, дипломирана на Универзитет „ Свети Климент Охридски“ – Битола,  Факултет за царина и шпедиција – Охрид. Магистрант по економија на Европска Унија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Од 2009 до 2013 година работи во општина Кавадарци како помошник раководител на сектор за локален економски развој. Од 2013 година до денес работи во Царинска Управа.

Член на ИК на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ од 2020 година. Претседател на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ ОК Кавадарци од  2011 до 2018 година. Советник во Совет на општина Кавадарци од 2013 година до денес.

Претседател на Комисијата за јакнење на партиска инфраструктура и обуки на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ  од 2016 до 2018 година. Член на ОК Кавадарци од 2008 година. Член на Совет на ИК на УЖ 2018 година. Зборува англиски  јазик, поседува и  солидно познавање на француски и германски јазик.